ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА 17-годишно момче претепано од група врсници во близина на гимназијата ‘Никола Карев’

17-годишно момче претепано од група врсници во близина на гимназијата ‘Никола Карев’

132

Едно 17-годишно момче е нападнато и претепано од повеќе врсници денеска во Скопје.

Според информациите на Телма, инцидентот се случил кај скопската гимназија “Никола Карев” во Карпош. Засега нема потврда дали некој пд учесниците (жртвата или напаѓачите) се ученици во конкретното училиште.

Од МВР го потврдија инцидентот без повеќе детали од истрагата која е во тек.

-Денеска (25.09.2024) во СВР Скопје е пријавено дека 17-годишник бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, одговорија од МВР.