ПОЧЕТНА СВЕТ Уште една сообраќајка со смртни последици во Србија

Уште една сообраќајка со смртни последици во Србија

67

После завчерашната тешка сообраќајна несреќа во Србија, во која загина петчлено семејство, денеска уште една незгода во која загина едно лице.

На патот Златибор – Ужице дошло до тешка сообраќајна несреќа во која загинала жена. Таа со својот автомобил се судрила со камион, по што починала на лице место, јавуваат српските медиуми.