ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонски државјанин фатен на граница во обид да шверцува облека и патики...

Македонски државјанин фатен на граница во обид да шверцува облека и патики од Косово

87

Косовската полиција објави дека во саботата вечерта спречила шверц на стока – обувки и облека – од Косово во Северна Македонија, во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце меѓу двете држави, при што уапсила македонски државјанин кој се судрил со возилото со кое ја превезувал стоката низ нелеган пат.

Во вчерашното соопштение на полицијата се наведува дека прексиниќа околу 20 часот, во атарот на село Сеќиште кај Генерал Јанковиќ, е забележано сомнително возило како се обидува да ја премине граничната линија и веднаш се преземени дејствија за негово сопирање.

Возачот на возилото, со иницијали З.А., македонски државјанин од албанска националнот, на возраст од околу 40 години, откако увидел дека бил забележан од патроли на граничната полиција, при обид да побегне во правец на територијата на Република Северна Македонија, предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета.

Полицијата го извлекла возилото со македонски регистарски таблички и при контрола на истото во него нашла 120 пара обувки (патики) и 260 парчиња облека (дуксери и тренерки).