ПОЧЕТНА СВЕТ Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан

Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан

8

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 450 се повредени во вториот бран експлозии на уреди за безжични комуникации во Либан, соопшти Министерството за здравство.

Ова се случува во вчерашниот втор бран експлозии, еден ден по серијата смртоносни експлозии на пејџери на членови на проиранската група Хезболах.

Воки-токи користени од членовите на милитантната група Хезболах експлодираа во јужните предградија на главниот град Бејрут, долината Бека и јужен Либан – области кои се сметаат за нејзини упоришта.