ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Македонија остана на 72. место на ранг-листата на ФИФА

Македонија остана на 72. место на ранг-листата на ФИФА

8

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска ја објави најновата ранг-листа на која Македонија го задржа пласманот од претходното рангирање.

Македонија во септември одигра два натпревара во Лигата на нации, забележа реми со Фарски Острови (1:1 гости) и ја победи Ерменија (2:0 дома). Сепак, „Рисовите“ ја задржаа 72. позиција на ФИФА листата.

На најновата листа нема промени во Топ 10: прва е Аргентина, пред Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.