ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Време: До крајот на неделата нема да биде студено но ќе врне

Време: До крајот на неделата нема да биде студено но ќе врне

10

Времето утре ќе биде променливо облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 7 до 16 степени а максималните од 15 до 20.

Во четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури од 8 до 15 а максималните од 17 до 25 степени.

Во петок исто така променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и услови за грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури во благ пораст од 9 до 16 како и дневните кои ќе се движат меѓу 18 и 25.