ПОЧЕТНА СВЕТ Циклонот „Борис“ ја опустоши Италија, цел град е потопен – Полска е...

Циклонот „Борис“ ја опустоши Италија, цел град е потопен – Полска е во кал, расте бројот на загинати

588

Најмалку 19 лица загинаа во поплавите од Романија до Полска во последните неколку дена

Жителите на неколку полски и чешки региони беа евакуирани во последниве денови, а други во централна Европа почнаа да ги расчистуваат своите населби по најголемите поплави во повеќе од две децении кои зад себе оставија пустош и се повеќе мртви.

Невремето го напушти регионот, но вистинските проблеми во вид на поплави, порои и лизгање на земјиштето допрва следуваат, пишуваат унгарските портали.

Пограничните области меѓу Чешка и Полска викендов беа тешко погодени од многу обилни дождови кои предизвикаа поројни поплави кои однесоа некои мостови, принудувајќи ги жителите да се евакуираат и оштетија автомобили и куќи.

Најмалку 19 лица загинаа во поплавите од Романија до Полска во последните неколку дена.

Пожарникарите во италијанска Пескара соопштија дека примиле повеќе од 200 повици откако обилните дождови предизвикаа поплави. Јужниот италијански регион Абруцо сега е под жолто метео предупредување.

Од кабинетот на градоначалникот потврдуваат дека локалната полиција и службениците од канцеларијата за цивилна заштита работат на санацијата.