ПОЧЕТНА СВЕТ Камала Харис: Мило ми е што Трамп е безбеден

Камала Харис: Мило ми е што Трамп е безбеден

32

Американската потпретседателка Камала Харис изрази задоволство што нејзиниот републикански противкандидат Доналд Трамп е безбеден по пукотниците во негова близина во Палм Бич.

Трамп итно бил префрлен на безбедно во неговиот голф-клуб, додека Тајната служба и окружниот шериф спроведуваат истрага за инцидентот.

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден и потпретседателката Харис биле брифирани за инцидентот и дека редовно ќе бидат информирани.

– Запознаена сум со извештаите за истрели близу поранешниот претседател Трамп и неговиот имот на Флорида и мило ми е што тој е безбеден. Во Америка нема место за насилство – порача Харис во соопштение до медиумите.