Жена од американската сојузна држава Јута и нејзините три деца биле пронајдени мртви во автомобил, а властите во округот Вебер веруваат дека станува збор за тројно убиство и самоубиство.
Марибељ Ибара (32) ги убила своите деца на возраст од четири, две и една година, а потоа се застрелала, изјави полицискиот поручник Теранс Лавли.
Инспекторите дошле до овој заклучок врз основа на видеоснимки, физички докази, очевидци и разговори со членови на семејството, пренесе АП, додавајќи дека во возилото бил пронајден пиштол.