Скопјанка на својот Фејсбук профил раскажува за неодамнешниот напад од куче скитник на пешачка патека во скопската населба Карпош.
Сандра Лазаревска била на прошетка со своето дете, кога куче почнало да трча кон неа, а потоа и да ја повреди на стомакот.
Гледам слика пред мене од затрчано куче и се запрашивам дали оди накај мене или према нешто друго. Ни 2 ни 3, во секунда се фрла на мене, ме каса по стомак и ме бутка на земја. Паѓам. Како што паѓам паѓа и количката во која се наоѓа син ми, паѓа од количка СРЕЌА на мека исушена трева, лазам по тревата да го фатам за да не го повреди, го зимам во раце и СРЕЌА некако ништо не му се беше случило. Две девојки позади мене ми ги слушнаа врисоците и де стрчаа да ми помогнат… И до кога вака со кучињава пуштени како во дивина а во главен град, без никакви сериозни мерки? Скраја да е!“, напиша таа.