ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Јаневска призна: Нашите ученици многу доцнат зад европските

Јаневска призна: Нашите ученици многу доцнат зад европските

69

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека новата реформа што ја спроведуваат за основците е што е можно подолго учениците да бидат во училиштата и да стекнат знаење на различни начини.

– Реформата е наставниците да станат функционални во корист на знаењето, компетенциите, вештините. Ова е цела една стратегија, општо е познато дека ние во земјата имаме вишок на наставници а се повеќе деца, но нас ни требаат наставниците за да го подигнат квалитетот на знаењето. Ние сме последни на сите меѓународни тестирања и домашните тестирања покажуваат дека нашите ученици доцнат многу во однос на нивните врсници во Европа – вели Јаневска.

Таа вели дека учениците нема цел ден да бидат над книга, идејата е да спроведат нешто што се покажало како ефикасно во странство.

-Учениците да ги слушаат лекциите, интерактивно да го совладаат материјалот. Ако имаат домашна во вид на истражување, проектна задача да го завршат тоа, да имаат спорт, информатика, претприемништво, се она што им е потребно за реално да влезат во животот за кој се подготвуваат, но и да научат критичко мислење, да научат решавање на проблеми, препознавање на силеџиство … сето тоа досегашниот образовен систем не го овозможувал затоа сметаме дека е потребно наставниците повеќе да се ангажираат, а на децата нема да им биде тежок престојот – ќе имаат пауза, разговори, слободно време. Таму каде што има услови ќе се применува оваа реформа – додаде министерката.