ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Синер го најде лекот за Медведев за полуфинале на УС Опен

Синер го најде лекот за Медведев за полуфинале на УС Опен

29

Најдобриот тенисер на светот Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на УС Опен совладувајќи го Данило Медведев со 3-1 во сетови. Синер пред повеќе од 20.000 луѓе на стадионот „Артур Еш“ оствари победа над некогашниот освојувач на УС Опен со резултат 6-2, 1-6, 6-1, 6-4, по два часа и 41 минута игра.

Италијанецот на тој начин намали на 6-7 во меѓусебните дуели. Сезонава славеше во финалето на Австралија Опен, полуфиналето во Мајами, додека Русинот беше подобар во четвртфиналето во Вимблдон. Синер за првото финале на УС Опен во кариерата ќе се бори со Џек Дрејпер, кој беше подобар од Алекс де Минор.

Од самиот почеток беше јасно како ќе се одвива натпреварот. Синер беше настроен офанзивно, додека Медведев беше ориентиран кон дефанзива и сервисите на противникот ги чекаше далеку од основната линија. Во таа битка подобро се снајде Италијанецот кој ја потврди својата одлична форма и извојува заслужена победа со еден загубен сет.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Американците Тејлор Фриц и Френсис Тиафо. Двата полуфинални натпревари се играат во петок.