ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Доаѓа „убиецот на летото“: Што значи тоа и што може да...

Доаѓа „убиецот на летото“: Што значи тоа и што може да очекуваме?

140

Судејќи по она што моментално го прикажуваат прогностичките материјали, на Балканот наскоро доаѓа „Убиецот на летото“, вели метеорологот Славчо Попоски.

Според него, оваа најава не е со 100 проценти сигурност, бидејќи постојано се случуваат промени.

„Веруваме дека и покрај оваа метео најава, во следните излези на прогностичките материјали ќе се случат позитивни измени, поради тоа што Метеоролошките параметри и услови постојано од час во час се менуваат и времето е многу променливо, вели метеорологот Попоски“, напиша тој.

Инаку, „Убиец на летото“ е термин резервиран во жаргонот на метеоролошките ентузијасти за првиот сериозен циклон на крајот на крајот на август или почетокот на септември, по што летото повеќе „не е исто“. Иако жештините се уште се можни и веројатни, циклонот „убиец“ е циклон кој го задава првиот сериозен удар „под појасот“ на летото.