ПОЧЕТНА СВЕТ Тигар нападна и повреди жена вработена во тематски парк во Квинсленд

Тигар нападна и повреди жена вработена во тематски парк во Квинсленд

40

Жена која работи со животни во забавниот парк Дримворлд во австралиската држава Квинсленд денеска била нападната од тигар и била хоспитализирана со длабоки исеченици на раката, јавија денеска австралиските медиуми.

Службите за итни случаи биле повикани во забавниот парк Дримворлд во близина на Голд Коуст во државата Квинсленд, по инцидент со тигар, соопшти локалната служба за итни случаи, пренесе Ројтерс.

Според извештаите, повредената жена, која има околу четириесет години, моментално е во болница и е во стабилна состојба.