ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Стерлинг на позајмица од Челси во Арсенал

Стерлинг на позајмица од Челси во Арсенал

30

Рахим Стерлинг доцна синоќа се одлучи на преселба од Челси во Арсенал, каде ќе игра како позајмен играч, без опција за откуп.

Поранешниот англиски репрезентативец одигра 43 натпревари минатата сезона, но по доаѓањето на новиот менаџер Енцо Мареска беше вишок во Челси. Сепак, Артета го посака во своите редови во желбата да му помогне на тимот во битката за титулата во Премиерлигата.

„Неверојатно е чувството да се приклучам на Арсенал. Ова е идеалното место за мене. Искрено се надевам дека ќе бидеме единствени во обидот да дојдеме до титулата“ – изјави Стерлинг по промоцијата меѓу „топчиите“.

Стерлинг претходно во својата кариера има настапи и за Ливерпул и Манчестер Сити.