ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Славчо Попоски со најнова прогноза: Еве какво време не очекува во септември

Славчо Попоски со најнова прогноза: Еве какво време не очекува во септември

460

Според она што може да се види на прогностичките карти, оваа година ќе имаме продолжено лето во Македонија, тоа значи дека и во првата половина од септември ќе имаме релативно високи температури на воздухот кои ќе бидат над просекот за првата половина на септември, прогнозира познатиот метео прогнозер Славчо Поповски.

Тие би се искачувале некаде во интервалот од 27 до 35 степени, што значи дека и понатаму ќе биде идеално за одење на плажа, пишува во своето најново предвидување Поповски.

Сепак, и покрај ова, повремено во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира и ќе се создаваат услови за развој на грмотевични облаци, кои би условувале појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Продолжено лето оваа година ќе има и во останатите предели од Балканот, што значи насекаде ќе биде натпросечно топло со високи температури на воздухот.

Оние граѓани кои планираат одмор во првата половина од септември, слободно можат да го направат тоа, поради тоа што насекаде во регионот температурите ќе бидат релативно високи и над просекот за првата половина на септември.