ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Ѓоковиќ водеше и беше пред победа, па сонародникот Ѓере се откажа поради...

Ѓоковиќ водеше и беше пред победа, па сонародникот Ѓере се откажа поради повреда

552

Српскиот дуел во второто коло на УС Опен не понуди изненадувања, Новак Ѓоковиќ го прескокна предизвикот во името на Ласло Ѓере. Водеше вториот светски рекет со 2-0 во сетови и имаше 2-0 во третиот, а тогаш неговиот противник се повлече поради повреда и Ѓоковиќ се пласира во третата рунда.

Ѓере пружи солиден отпор, во првиот сет парираше и не дозволи брејк до самиот крај, пред Новак да дојде до 6-4. Во вториот дури аутсајдерот отвори подобро, одзеде сервис во третиот гем и потоа поведе со 3-1. Сепак, тогаш Ѓоковиќ се разбуди и почна да реди гемови, а со два брејка пак дојде до 6-4.

Веќе во третиот по два одземени гема Ѓере реши дека повеќе не може и се повлече од мечот. Следен ривал на Ѓоковиќ же му биде Попирин кој го исфрли Мартинез (3-0).

Според планот одигра Каспер Руд, кој во четири сета со 3-1 (6-4, 6-2, 2-6, 7-6) го совлада ветеранот Гаел Монфилс. Повеќе мака мораше да вложи Андреј Рубљев против Артур Риндеркнеч, бидејќи играше маратонски четири часа и пет сета (3-2).