ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Собранискиот спикер Гаши на прв брифинг со медиумите

Собранискиот спикер Гаши на прв брифинг со медиумите

65

Африм Гаши, претседателот на Собранието денеска ќе ја има првата неформална средба со медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието.

Во меѓувреме не прекинуваат преписките околу неговата интерпелација, која е закажана за 3. септември. Интерпелацијата е поднесена од пратениците на политичката партија „Левица“.

ВМРО-ДПМНЕ истакна дека нема да поддржи интерпелација, додека СДСМ својот став ќе го соопшти во текот на оваа недела.