Вчера вечер, еден час пред полноќ на граничниот премин Свети Наум, на влез во Македонија се пријавил Л.Х. од Албанија кој дошол со патничко моторно возило порше панамера со албански национални ознаки и по извршените гранични проверки било констатирано дека возилото е пријавено за украдено во Норвешка и постои во базата во Интерпол.
„Возилото е одземено, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во билтенот на МВР.