ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР (ВИДЕО) Познати нови детали од пукањето во гимназијата во Сански мост: Напаѓачот...

(ВИДЕО) Познати нови детали од пукањето во гимназијата во Сански мост: Напаѓачот си пукал во глава

105

Напаѓачот кој утрово уби три лица во гимназијата во Сански мост се обидел да се самоубие по бруталниот чин.

Според неофицијални информации тој си пукал во глава. Тој во моментов е во тешка состојба и е префрлен во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска во Бања Лука.

Станува збор, неофицијално, за човек кој бил вработен како чувар во училиштето. Тој, исто така, ги убил директорот на училиштето, секретарката и професорка. Влегол во училиштето вооружен со автоматско оружје, упаднал на состанок и извршил масакр.

Мотивот наводно се одредени несогласувања кои постоеле и претходно бидејќи тие што ги застрелал биле во комисијата која го суспендирала.