Најмалку 28 лица загинаа во несреќа на автобус кој превезувал шиитски аџии од Пакистан за Ирак во централен Иран, изјави денеска локалниот функционер Мохамад Али Малекзаде.
Во несреќата што во вторникот вечерта се случи во централната иранска провинција Јазд, повредени се уште 23 лица, од кои 14 се здобиле со тешки телесни повреди.
Во автобусот во моментот на несреќата имало 51 лице, а причината се истражува, пренесува АП.
Аџиите биле на пат за Ирак да го одбележат Арбаин, 40-тиот ден по смртта на шиитскиот светец во VII век.
Тие се собираат во Карбала, Ирак, на најголемиот годишен јавен состанок во светот.