ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пакетоматите на Тотал Пост наскоро во функција на граѓаните (ФОТО)

Пакетоматите на Тотал Пост наскоро во функција на граѓаните (ФОТО)

1372

Поштенските услуги во Македонија деновиве ќе добијат нов квалитет. Имено, една од најголемите поштенски компании TPL – Total Post Logistik, успешно го заврши процесот на набавка на пакетомати на кои граѓаните ќе можат 24 часа да подигнат пратки.

Околу 40 пакетомати, за прв пат во Македонија, ќе бидат поставени на видни локации, на повеќе бензински пумпи и познати молови.

Пакетоматите се во комплетно домашно производство од компаниите „Раде Кончар“ и „Дуна“.

-Сакаме на граѓаните и на клиентите да им олесниме со работата. Со овие пакетомати го продолжуваме нашиот развој и поставуваме нови стандарди во поштенскиот бизнис. Ова е веќе присутно во цел свет, а отсега преку нашата пошта ќе биде и во Македонија. Целата инвестиција на пакетоматите изнесува 240.000 евра, сума обезбедена од тековното работење на нашата компанија, изјави Алдин Нумановиќ, извршен директор на Тотал Пост Логистик.

ТПЛ е поштенска компанија која веќе 10 години функционира во Македонија со повеќе од 100 возила и 150 курири низ цела држава.