ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гори шума во кочанското село Пресека, загрозена викендичка со луѓе

Гори шума во кочанското село Пресека, загрозена викендичка со луѓе

1033

Од синоќа, пожарникарите интервенираат на голем пожар кај кочанското село Пресека.

Територијалните противпожарни единици на Кочани и Македонска Каменица, службите од Шумското стопанство „Осогово“ и доброволците од ДПД – Кочани повеќе од 15 часа се на тежок, непристапен терен на Осоговските Планини. Обид за локализирање на пожарот имало и од воздух, со хеликоптери од ЦУК.

Во Пресека гори високостеблеста борова, дабова шума и ниска вегетација, а пожарникарите јавуваат дека пламените јазици достигнуваат и до 20 м.

Од пожарот е загрозена и викендичка во која престојуваат луѓе. Борбата со огнот на Пресека продолжува.