ПОЧЕТНА ЕКОНОМИЈА СУПЕР ВЕСТ: Од полноќ пониски цени на бензинот и дизелот

СУПЕР ВЕСТ: Од полноќ пониски цени на бензинот и дизелот

143

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на одлуката од 5 август.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 2,531%, кај дизелот 2,143%, кај екстра-лесното масло 0,449% и кај мазутот зголемувањето е 3,070%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,7310%.

Од 13.08.2024 година од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин Еуросупер БС-95 – 79,50 (ден/л)
моторен бензин Еуросупер БС-98 – 81,50 (ден/л)
дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 71,00 (ден/л)
масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,50 (ден/л)
мазут М-1 НС – 44,748 (ден/кг)
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат 1,50 денар/литар.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 денари/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,688 денари/килограм и сега ќе изнесува 44,748 денари/килограм.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 13 август 2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.