ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Од патарини во јули собрани 7,6 милиони еврa – 250 илјади евра...

Од патарини во јули собрани 7,6 милиони еврa – 250 илјади евра повеќе од лани

49

„Според пресметките, оваа година од патарини во јули сме наплатиле над 7,6 милиони евра што е за повеќе од 250 илјади евра повеќе од ланскиот јули“, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

„Овие пари постоеле и минатата година, само разликата е што не завршувале во касата на државата, каде сега од тие пари градиме градинки, училишта, патишта. Инвестираме во болници, нови работни места. Разликата е во тоа што се работи домаќински и одговорно. Опозицијата води политика на ситни страсти и со целосна безидејност критикува колку да критикува, но тоа нема да не поколеба да го поправиме тоа што тие го расипаа“, порача Мицкоски.