ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА 10 активни пожари во Македонија!

10 активни пожари во Македонија!

84

Денес до 19:00 часот има вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои во моментов 10 се активни, 7 се под контрола и 7 се изгаснати.

Општина Македонски Брод: Јасен – Белица (борова шума);
Општина Пехчево: с.Негрево (мешана шума)
Општина Новаци: с.Полог – Тапевци – Гнилеж – Паралово (ниска вегетација);
Општина Кичево 1: с.Патеец – с.Козичино (борова и букова шума);
Општина Кичево 2: с.Челопеци и с.Бигор Доленци (мешана шума);
Општина Ресен: Галичица се шири во правец на врвот Магаро кон Стење, Охридска страна, (нискостеблеста вегетација);
Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово – Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
Општина Кичево 3: с.Туин, Калешовци (дабова шума);
Општина Гази Баба: с.Трубарево (сува трева);
Општина Крива Паланка: нас.Ловачки дом (сува трева).
ПОД КОНТРОЛА: 7

Општина Неготино: Кај ТЕЦ Неготино (сува трева);
Општина Македонски Брод: с.Грешница (мешана шума);
Кичево: с.Зајас (мешана шума);
Општина Демир Хисар и Охрид: Илинска Планина, Плаќенска планина, во општините Охрид и Демир Хисар е под контрола (4 НШ) (ниска вегетација);
Општина Чашка: с.Ореше, с.Папрадиште (мешана шума);
Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);
Општина Липково: с.Никуштак (депонија).
ИЗГАСНАТИ: 7

Општина Неготино: Пепелешки мост – месност Јаворица (нискостеблеста деградирана шума и сува трева);
Општина Виница: круг на Фабрика Треска (сува трева и пелевина);
Општина Босилово: с.Бориево (сува трева);
Општина Аеродром: под мостот на р.Вардар, на патниот правец Идризово – Долно Лисиче (ѓубре);
Општина Кочани: Градска депонија (ѓубре, сува трева и нискостеблести растенија);
Општина Липково: с.Матејче (нискостеблеста шума);
Општина Кичево: кај Стража.