ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Тејтум за дуелот со Србија: Тешко е еден ист тим да победиш...

Тејтум за дуелот со Србија: Тешко е еден ист тим да победиш три пати

183

Кошаркарите на Соединетите Американски Држави беа и останаа главни претенденти за златниот медал на Олимписките игри во Париз, а за да се доближат на чекор до него потребно е утре да победат во полуфиналната пресметка со Србија.

Само што и „Орлите“ се прашуваат за епилогот од борбата за финалето, колку и да им звучи помалку реално на луѓето, имајќи предвид пред сѐ дека Кевин Дурент и Дрим Тимот му нанесоа тежок пораз на Никола Јокиќ и дружината во групната фаза на ЛОИ. Претходно во јули загубија и на пријателска.

„Тешко е да се победи еден тим три пати во толку краток период. Очекуваме да биде тежок натпревар, ќе биде забавен и со нетрпение го чекам тој натпревар“, изјави Џејсон Тејтум по лесно добиеното четвртфинале со Бразил, инаку голем обожавател на новиот тениски олимписки шампион Новак Ѓоковиќ.

Србите неколку часа претходно со маестрален и историски пресврт ја исфрлија Австралија по очајното полувреме, а денеска со стручниот штаб ќе почнат да ја коваат тактиката за новиот дуел со Американците.

Дополнително се мотивирани од фактот што загубија од Дрим Тимот и во подготвителниот натпревар за време на силниот турнир во Абу Даби, кога во тимот го немаше капитенот Богдан Богдановиќ, од овие Игри најефикасниот српски кошаркар во историјата на националниот тим.

Полуфиналната мега пресметка САД – Србија се игра в четврток од 21:00 часот, а директен пренос ќе врши МРТ1.