ПОЧЕТНА ЗАБАВА Саша Ковачевиќ го откажа концертот во Охрид, причина се организаторите

Саша Ковачевиќ го откажа концертот во Охрид, причина се организаторите

148

Мега популарнииот пејач Саша Ковачевиќ го откажа концертот во Охрид, закажан за вечерва. Регионалната ѕвезда и познат срцекршач се огласи на социјалните мрежи:

– Драги мои Македонци, со оглед дека организаторот на концертот во Охрид, закажан за 05.08, не ги испочитува основните договорни обврски, за жал, принудени сме да го откажеме концертот, и покрај сета желба и труд да се случи истиот. Со исклучиво нетрпение го очекувам нашиот следен собир со различен организациски состав. Многу љубов и бакнежи! – напиша Ковачевиќ.

Концерот на пејачот беше закажан за на Античкиот театар.