ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР (Видео) Пожар избувна на тераса од стан во скопски Аеродром

(Видео) Пожар избувна на тераса од стан во скопски Аеродром

1038

Попладнево, нешто по 16 часот, пожар избувна на тераса од станбена зграда во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром, во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ кај автобуската постојка позната како „последна 5-ка“.

Како што можеше да се забележи гореше дел од терасата, а густ црн чад се издигаше од балконот на станот на последниот кат од зградата.

Огнот предизвика вознемиреност кај жителите на оваа, но и на околните згради, кои почнаа да ги тргаат автомобилите кои беа паркирани под балконот зафатен од пожарот, бидејќи изгорени парчиња паѓаат од терасата.

На местото пристигна екипа на скопската Противпожарна бригада, која со неколку пожарникари се обидуваа да го стави под контрола огнот и да не дозволат да се прошири, пред да биде целосно изгаснат.