Шпанскиот тенисер Рафаел Надал беше лут кога го дозна терминот на првиот сингл меч на Олимписките игри.
Освојувачот на 22 Грен слем титули во саботата играше со Карлос Алкараз во двојки и обезбеди второ коло, но на теренот се враќа денес во 14:00 часот.
„Играм во 14:00 часот? Мислам дека е лудост, сега е десет навечер. Ќе одлучам со тимот во недела, ќе донесам најадекватна одлука за да постигнам најдобар резултат за Шпанија“, изјави Надал.
Легендарниот ас од Мајорка треба да игра против Мартон Фучовиќ, но постои можност да се повлече, откако и во Париз има проблем со ситна повреда. Нивниот меч на „Филип Шатрие“ е втор на програмата по дуелот меѓу Барбора Крејчикова и Сара Тормо.