ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Македонија во црно: Тинејџер излегол од базен да пушти музика – починал...

Македонија во црно: Тинејџер излегол од базен да пушти музика – починал од струен удар

5177

Забава во скопско Радишани завршила трагично за 19 годишник кој сакајќи да пушти музика по излегување од базен настрадал со фатални последици заради струен удар.

Вистинска трагедија ги потресе жителите на скопско Радишани. 19 годишник вечерта на 22 јуни пред полноќ излегол од базен и сакајќи да пушти музика починал од струен удар.

19 годишникот со иницијали Љ.Љ излегол од базен и веднаш по тоа сакал да пушти музика од миксета. Тој пандал веднаш по краток спој.

Полицајците од полициската станица Чаир веднаш извршиле увид на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а телото на тинејџерот било предадено на обдукција.