ПОЧЕТНА СВЕТ СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Почина познатиот пејач, имаше само 35 години

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Почина познатиот пејач, имаше само 35 години

25223

Почина за време на концертот, сите се во шок од трагедијата.

Бразилскиот пејач Ајрес Сасаки почина за време на концерт во бразилскиот град Салинополис, пренесува магазинот People. Имаше 35 години.

Имено, за време на настапот, на Ејрес му пришла обожавателка и го прегрнала. Комбинацијата од мокра облека на обожавателката и електричен кабел во близина довело до смртоносен струен удар, а пејачот починал на лице место.

Засега не е познато зошто обожавателката се појавила во мокра облека, а полицијата во Салинополис го истражува инцидентот.

Се огласија и од хотелот во кој се одржа концертот. „Го подржуваме неговото семејство и ги преземаме сите неопходни мерки, соработуваме со надлежните служби за соодветно расветлување на настанот“, велат оттаму.

Ејрес беше пејач, архитект и урбанист. По неговата трагична смрт, пријателите му оддадоа почит на Инстаграм: „Тој секогаш беше прекрасна личност, сите го сакавме. Исклучителна личност, пристоен, голем професионалец“, напишаа тие.

Тој ја остави сопругата Маријана со која беше во брак 11 месеци. Таа преку Инстаграм им се заблагодари на сите за поддршката во тешките моменти.

Би сакала да ви се заблагодарам за секоја порака на љубов и утеха, за секоја молитва во ова тешко време низ кое поминуваме“, напиша таа, пренесуваат медиумите. „Сè уште не сум успеала да ги прочитам сите пораки, но ќе одговорам на секоја. Ви благодарам“, рече таа.