ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Не е ВИЦ: По направената проверка во затвор „Шутка“ недостасувале 10 затвореници,...

Не е ВИЦ: По направената проверка во затвор „Шутка“ недостасувале 10 затвореници, им се јавувале да се вратат

607

Управата за извршување санкции вчера упаднала во Затворот Скопје. Директорот на Управата и инспектори констатирале дека повеќе 10 затвореници не биле во затворот, а им се јавувале за да се вратат назад пишува „Прес24“

„Над 10 затвореници не беа во своите ќелии. За мене неверојатно, но вистинито. Јас не бев таму сам, бев со инспекторки од УИС. Направен е записник. Дел од нив преку телефон биле информирани и во одреден период после час, два, се појавуваа некои од нив. Јас колку што сум информиран сабајле во полиција е пријавено само едно, ама беа многу повеќе од 10. Не беше едно, тоа едно лице веројатно ниту сабајле се нема појавено, па затоа едно е пријавено во полиција од страна на Затворот Скопје“, вели Пандов.

Од она што се знае за денес, се појавиле сите освен еден за кој е поднесена пријава до МВР дека го нема.