ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ТРАГЕДИЈА: Македонка загина во сообраќајка кај Лесковац, со фамилијата се враќале од...

ТРАГЕДИЈА: Македонка загина во сообраќајка кај Лесковац, со фамилијата се враќале од одмор во Словенија

1216

Во страшна сообраќајка кај Лесковац едно лице загина, а четворица се повредени.

Несреќата се случила, како што неофицијално се дознава, кога возачот изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната шина, која потоа влегла низ возилото.

Во несреќата загинала сопругата на возачот која се наоѓала на совозачкото седиште, а покрај него се повредени и нивните две деца и една постара жена.

Станува збор за семејство од Македонија кое се враќало од одмор во Словенија, објави 192.рс.

На овој дел од автопатот има голем сообраќаен метеж.