ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (Видео) Силен ветар, дожд и град – невреме зафати делови од Скопје

(Видео) Силен ветар, дожд и град – невреме зафати делови од Скопје

70

Силно невреме попладнево зафати делови од Скопје. Ветар, дожд и град го отежнаа движењето низ дел од населбите во главниот град. Ново Лисиче, Аеродром и Ченто времено останаа без струја.

Граѓаните споделуваа видеа од невремето на социјалните мрежи, а беа објавени и фотографии од паднати дрвја на излезот од Скопје, во правец на Велес.