ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Маж се удави во Дојранското Езеро, од чамец скокнал во водата, пливал...

Маж се удави во Дојранското Езеро, од чамец скокнал во водата, пливал кратко и исчезнал

710

Претпладнево, во 10.10 часот, во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранското Езеро се удавил маж. Лицето скокнало во водата од чамец, пливало неколку метри по што се удавило.

-Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето, информираа од СВР Струмица, велат од МВР.

Засега не се соопштува идентитетот на удавениот.