
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во рамки на сообраќајните контроли, санкционира 117 возачи.
Како што соопшти МВР, од изречените мерки за возење без возачка дозвола 15 санкции, 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење на сигурносен појас…
МВР потсетува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.