Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Штип попладнево информираше дека пожарот на потегот Селце – Драгоево на кракот Селце-шоуба кај АБХО полигонот со зголмување на температурите и појава на ветар се разгорел и се префрлил на трасата на гасоводот. Од РЦУК – Тетово, известија дека пожарот кај селата Челопек и Милетино е изгаснат на трите дела, а активен е уште на еден дел.
„Пожарот на еден дел беше сопрен од страна на ТПППЕ-Штип меѓутоа на друг дел префрлил преку трасата и се слуша пукање на муниција.
Поради загрозеност на безбедноста на екипите од пукање на муницијата и густ чад истите се повлечени на безбедно растојание. Доколку се во можност ќе продолжаат со гаснењето на пожарот. Од градоначалникот на град Штип побарано е дополнителна подршка со градежна механизација за правење пресеци“, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од РЦУК – Тетово, известија дека пожарот кај селата Челопек и Милетино е изгаснат на трите дела, а активен е уште на еден дел на кој интервенираат 6 пожарникари со 2 противпожарни возила и градежна машина од Јавното претпријатие Брвеница со 5 вработени.
„Нема опасност од проширување и се очекува во скоро време пожарот да биде изгаснат. Зафатена е поголема површина обрасната со сува трева, грмушки и остатоци од ожнеана пченица. Причина за пожарот е човечки фактор односно палење на остатоци од пожнеана пченица и јачмен. Интервенирале ТППЕ со три возила и осум пожарникари, 1 багер од ЈКП Брвеница со 5 вработени, двајца полициски службеници како и градоначалникот на Општина Брвеница кој бил присутен на местото на настанот. Состојбата се следи“, велат од ЦУК.
Од 112 во Центар за управување со кризи до Сектор за операции и координација е добиена пријава на пожар на отворено кај Бего Поле и полициска куќарка кај Бачила и пред рускиот споменик пред Планинарскиот дом Караџица на непристапен терен на кој со возила треба многу време да се дојде до таму.