ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КАЗНИ ОД 1.500 до 2.000 ЕВРА – Целосна забрана за движење во...

КАЗНИ ОД 1.500 до 2.000 ЕВРА – Целосна забрана за движење во шумите

200

На барање на ЈП „Национални шуми“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за воведување целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште.

– Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до процената дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат – се вели во соопштението од Центарот за управување со кризи.

Оние кои нема да ја почитуваат забраната ќе им биде изречена казна од 1.500 до 2.000 евра.