ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Апсења во Скопје: четири лица со лисици, најмладиот има 18 години

Апсења во Скопје: четири лица со лисици, најмладиот има 18 години

329

Денеска (14.07.2024) во 02.15 часот во Скопје, пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Т.(18) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На 13.07.2024 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(24) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 13.07.2024 во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од Тетово, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 13.07.2024 во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(34) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.