ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Срушени сите рекорди: За финалето меѓу Ѓоковиќ и Алкарас најскапи карти во...

Срушени сите рекорди: За финалето меѓу Ѓоковиќ и Алкарас најскапи карти во историјата

607

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас ќе играат во утрешното финале на Вимблдон. Истите двајца тенисери и минатата година играа во финалето, а тогаш се радуваше младиот Шпанец кој стигна до првата титула на престижниот турнир во Лондон. Ѓоковиќ ќе го игра 10-тото финале на Вимблдон и ќе атакува на осмата титула.

Неверојатен и интересот за следење во живо на финалето кое стандардно се игра на Централниот терен на Вимблдон. на трибините може да има 15.000 гледачи, а само најсреќните, но и најбогатите ќе имаат можност во живо да уживаат во мајсториите на Ѓоковиќ и Алкарас.

Според сајтот “TickPick”, еден билет за финалето достигнува цена и до 10.600 долари.

Слично е и на сајтот “Viagogo“, каде од билетите кои се останати во продажба, скапоцентото парче хартија достигнува цена и преку 13.000 долари.