ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Малолетниците се во подобра здравствена состојба, најдени им се психотропни супстанци во...

Малолетниците се во подобра здравствена состојба, најдени им се психотропни супстанци во телото

90

Сите 4 малолетници, кои вчера беа најдени во стан во Скопје во бесознание и со повреди по телото, денеска се свесни, во подобрена здравствена состојба, со стабилни витални параметри, изјави претпладнево, директорот на Клиниката за токсикологија, д-р Андон Чибишев.

Јавноста вчера беше вознемирена кога беше објавено дека на Токсикологија биле донесени 4 малолетници во исклучително тешка општа здравствена состојба. Станува збор за малолетници на возраст од 14 до 17 години, две момчиња и две девојчиња.

МВР соопшти дека полициски службеници од СВР Скопје по пријава за нарушен јавен ред и мир утврдиле дека во куќата на 40-годишниот Д. Г. имало четири деца од кои две биле во бессознание под дејство на алкохол и психотропни супстанци.

По лабораториска анализа кај сите е докажано присуство на психоактивни супстанци и не е докажано присуство на алкохол. Двете од 4-те малолетни лица беа во посериозна состојба, но по пружената лекарска грижа сега се многу подобро.

-Немаат посериозни повреди. И утрово продолжува интензивното лекување и надзор од Клиниката за токсикологија врз пациентите, ни изјави Чибишев.

Досега се уште не е откриено и објавено што точно се случило на домашната забава на малолетниците и од каде им се повредите.