ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вреди со седум заменици-министри во Влада, еве кои се!

Вреди со седум заменици-министри во Влада, еве кои се!

366

Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска во изјава за медиумите информираше дека нивната коалиција во владата ќе биде претставена со седум заменици министри.

Како што информираше, се работи за двајца заменик-министри кои се од Алијанса за Албанците, за кои рече дека веќе поминале на Централното претседателство на партијата.

-За „Влен“ знам дека има седум заменик-министри. На Алијансата за Албанците му припаѓа заменик-министерското место во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за одбрана. На другите партии од нашата коалиција им припаѓаат Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи, Министерството за спорт, Министерството за образование и наука и Министерството за култура и туризам. Заменик-министерка во Министерството за одбрана ќе биде Ељфете Исмаили, а заменик-министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Фљакрон Беџети“, изјави Таравари.

Претходно и другите партии од оваа коалиција ги соопштија имињата.

„Беса“ го предлага Седат Сулејмани за заменик-министер во Министерството за култура и туризам.

„Алтернатива“ ја презеде функцијата заменик-министер во новото Министерство за спорт, каде ја предложија поранешната пратеничка Сафие Садики Шаини, а за заменик-министер во Министерството за образование и наука беше предложен проф. д-р. Љуљзим Аљиу.

Демократското движење на Изет Меџити има двајца заменици министри и тоа во Министерството за внатрешни работи е предложен Муамет Амети и за транспорт и врски – Каљтрина Зеколи.