ПОЧЕТНА СВЕТ Се урна градежно скеле од зграда во Швајцарија, има загинати

Се урна градежно скеле од зграда во Швајцарија, има загинати

49

Тројца работници загинаа откако во Швајцарија се урна градежно скеле од зграда. Дополнителни осум лица се повредени во инцидентот во швајцарскиот град Прили во близина на Лозана, од кои четворица потешко, соопшти полицијата.

Несреќата се случила на градилиште на 19-катна дрвена зграда која е дел од трговски комплекс. Полицијата соопшти дека зградата е висока речиси 60 метри.

Очевидци изјавија за швајцарската новинска агенција „Keystone-SDA“ дека товарниот лифт паднал, носејќи го со себе целото скеле на северната страна на зградата.

Властите првично не објавија детали за несреќата или за можната причина.