ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Ѓоковиќ закажа финале со Алкараз

Ѓоковиќ закажа финале со Алкараз

140

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон, откако вечерва во Лондон во три сета го совлада Италијанецот Лоренцо Музети со 6:4, 7:6, 6:4.

Првиот го доби со 6-4, во вториот се играше тајбрејк кој го доби Новак со 7-2, во третиот сет беше подобар со 6-4 за триумф од 3-0.

Во финалето кое ќе се игра в недела, Ѓоковиќ ќе игра против третопласираниот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз.

Минатата година овој меч го доби Шпанецот, па српскиот тенисер сега ќе има шанса за реванш.