Директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев на социјалните мрежи упатува совети и предупредувања до граѓаните, откако временските услови многу им погодуваат на инсектите и влекачите кои стануваат поактивни, а можеби и поагресивни.
-Во Текот На Викендот На Универзитетската Клиника За Токсиколгија Е Примен Пациент Во Исклучително Тешка Општа Состојба Заради Каснување Од Инсект Кој Според Информациите Од Дежурниот Доктор Од Општата Болница Во Струмица И Кажувањето На Пациентот Бил Црн Инсект Кој Личел На Пајак. Според Клиничката Слика И Клиничките Манифестации Пациентот Е Каснат Од Пајак ,,Црна Вдовица“ ( Latrodectus), Инсект Чие Каснување Може Сериозно Да Го Загрози Здравјето И Животот, Информира Директорот На Токсикологија.
По пружената соодветна итна помош во Општа болница во Струмица и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со дежурниот доктор, пациентот бил итно транспортиран во Клиниката за токсикологија.