Денеска (06.07.2024) во 03.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 02.20 часот во кругот на Меѓународен аеродром Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.К.(39) од с. Петровец, скопско и Ш.Б.(54) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.