ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Драма во Охрид: Две малолетни лица кои со кајак се превртеа во...

Драма во Охрид: Две малолетни лица кои со кајак се превртеа во Охридско Езеро беа спасени од езерската полиција

744

На 08.07.2024 година во 09.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, на плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на кајак клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица.

По добиената пријава, полициски службеници од Езерската полиција со пловен објект се упатија на посоченото место и во водите на езерото, на околу 100 метри од плажата, забележани се двете малолетни лица кои на себе имаа појаси за спасување. Тие со полицискиот чамец се префрлени во полициската станица, каде им е укажана прва помош.