ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Црна вдовица демне , проверувајте ги креветите, кондурите, подрумите…

Црна вдовица демне , проверувајте ги креветите, кондурите, подрумите…

16275

Здравствената состојба на струмичанецот што е каснат од пајак црна вдовица е стабилна и тој веќе не е во животна опасност. Каснатото лице е примено на болничко лекување на Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје изминатиов викенд, во исклучително тешка општа состојба и како што вчера за весникот ВЕЧЕР изјави директорот на Токсикологија, д-р Андон Чибишев, тој е во добра општа состојба и се надева дека за ден-два ќе го пуштат на домашно лекување. – Се работи за повозрасен пациент, над 65 години и нормално е состојбата да биде потешка. Што се однесува до овој пајак, Чибишев вели дека отсекогаш го имало во Македонија, но и во земјите од опкружувањето како што се Грција, Албанија, Србија, Црна Гора… секаде каде што е потопло и упати порака до граѓаните да бидат многу внимателни.

Здравствената состојба на струмичанецот што е каснат од пајак црна вдовица е стабилна и тој веќе не е во животна опасност. Каснатото лице е примено на болничко лекување на Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје изминатиов викенд, во исклучително тешка општа состојба. Според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и кажувањето на пациентот, бил црн инсект, кој личел на пајак.

Како што објаснува за весникот ВЕЧЕР новиот директор на Токсикологија, д-р Андон Чибишев, според клиничката слика и клиничките манифестации, пациентот е каснат од пајак црна вдовица (Latrodectus), инсект чие каснување може сериозно да ги загрози здравјето и животот на човекот.

-Пациентот е во добра општа состојба и се надеваме дека ќе го пуштиме на домашно лекување за ден-два. Се работи за повозрасен пациент, над 65 години и нормално е состојбата да биде потешка. Би сакал лично да ги истакнам високопрофесионалниот пристап и реакцијата на дежурната екипа од Општата болница во Струмица, која му дала соодветна итна помош и по пријавувањето на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со нашиот дежурен доктор и дежурната екипа, итно го транспортирала пациентот во нашата институција – вели д-р Чибишев, дополнувајќи дека во моментов, на Инфективна располагаат со сите потребни серуми.

Тој е задоволен од високостручниот пристап на дежурната екипа и од Универзитетската клиника за токсикологија, кои постапиле според протоколите, го хоспитализирале пациентот и во текот на неколку часа ја стабилизирале неговата состојба.

Целиот текст на вечер.пресс