ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЦУК: Изгаснати сите пожари на отворено

ЦУК: Изгаснати сите пожари на отворено

20

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 381 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 59,97%, а 40,03% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 45,84%, кон Итната медицинска помош 17,53%, кон пожарникарите 9,21%, а кон АМСМ 0,23% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 1 074 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (27,19%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (39,47%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно поединечно или комбинирано решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).